Posted on

Како да го одберете вистинскиот држач за монитор?

Мониторите доаѓаат во различни големини и форми. Кога ќе дојде редот да изберете држач за вашиот монитор, може да биде вистински предизвик да го направите вистинскиот избор. Затоа, е многу важно да знаете каде да започнете.

Внимавајте, следи една многу голема бројка.

1700 часа.

Просечен професионалец во канцеларија минува неверојатни 1700 часа годишно пред својот монитор. За целото ова поминато време е важно мониторот да биде поставен правилно. Така, вие би биле комплетно сигурни дека работите во оптимизирана, продуктвина и безбедна работна средина. 

Па, што се би требале да имате на ум кога започновате со својата потрага по држач?

I. Компатабилност

Кога размислувате за компатабилноста на вашиот монитор и држач, дајте си одговор на следниве 3 прашања:

 Дали моите уреди се VESA компатабилни?

Пред да навлезете во детали за тоа како држачот ќе се вклопи во вашиот ентериер, важно е да проверите дали е VESA компатибилен. 

Што значи VESA компатибилност?

Наједноставно, VESA компатабилност значи дека мониторот кој ќе го поставувате, има 4 дупчиња на позадината. Овие 4 дупчиња се прилагодливи на секој бренд и модел на држачи. VESA стандардите се поставени со цел да се соединат различните производители на монитори и држачи на монитори и да се воспостави заедничка компатабилност. Односно, скоро секој модел на монитор да одговара на секој модел на држач.

Колку тежи мојот уред?

Интерентот е навистина магично место каде што покрај сѐ останато, може да најдете информација и за тежината на вашиот монитор. Кога ќе го внесете производителот и моделот на држачот, би требало едноставно да дојдете до тежината на вашиот монитор. Доколку не сте сигурни за кој модел конкретно се работи, информацијата за тежина барајте ја на позадината на мониторот.  Многу е веројатно е тука да најдете налепница на кој што освен други податоци, може да ја најдете и тежината на мониторот. Кога ги разгледувате различните модели, осигурајте се дека тежината на мониторот не е поголема од максималната тежина која што држачот може да ја поднесе. Ова е особено важно доколку се работи за поставување на неколку различни монитори на еден држач.

Која е максималмната големина на екран за вашиот модел на држач?

Некои држачи на монитор не ја нудат потребната прилагодливост за уреди кои имаат големи екрани. При изборот на држач треба да се осигурате дека има доволно простор помеѓу поставениот уред и вашето биро. Друг момент на кој што треба да внимавате кога имате големи екрани е да пресметате дали мониторите воопшто може да се постават еден до друг. 

II. Прилагодувања

Персонализацијата и прилагодувањето на уредите да одговараат на вашите потреби е клучна во креирањето ергономски работни услови. Работни околини кои се карактеризираат со незадоволителни ергономски услови, може да доведат до хронични болки во вратот, грбот, дискомфорт, намалена продуктивност и целокунпно незадоволство.

Подигање

Држачот за монитор треба да може да се поместува нагоре и надоле за да може да се прилагоди на потребната висина која што вам ви е потребна. Доколку работите во седечка или стоечка позиција која не е прилагодена на вашите потреби, големи се шансите да се соочите со болки и непријатности во вашето тело.

Навалување

Држачот за монитор треба да ви овозможи да го навалите вашиот монитор. Навалувањето треба да биде под агол, од 10 до 20 степени. Оваа карактеристика на држачот ќе ви помогне ќе ви помогне во намалување на стресот кој се предизвикува за очите.

Длабочина

Флексибилните држачи креираат дополнителна флексибилност во вашиот работен простор. Можноста да го поместите комплетно вашиот држач ви отвора дополнителен простор за различни проекти и задачи. 

Ротација на монитор

Ротација на мониторот ви дава можност да го вртите својот уред за 90 степени. Ротацијата на вашиот монитор хоризонтално или вертикално ви овозможува да го подесите својот монитор во хоризонтална или вертикална позиција и да го олесните своето читање, работа и слично.

III. Квалитет

Купувањето на квалитетен држач за монитор ќе го претвори вашето работење во уживање. Квалитетен држач ќе ви овозможи среден, организиран работен простор и монитор кој е поставен на висина соодветна за вас. Најважно, квалитетниот држач за за монитор ќе се осигура дека вашиот монитор е сигурносно поставен, нема да се витка или евентуално падне. 

Професионални уреди

Професионалниот држач за монитор ќе ви обезбеди потврда дека вашиот монитор е безбеден, сигурен и поставен на комфорна позиција. Најважно е вие и вашите уреди да сте безбедни. Квалитетните држачи за монитори минувата низ ригорозни тестирања со цел да се симулира екстензивно користење на држачот. 

Гаранција

Кога инвестирате во држач вашно е да ја проверите гаранцијата на проудктот. Имајте на ум дека мониторите обично траат подолго од остатокот од компјутерот. Доколку квалитетен, држачот за монитор трае дури и подолго од мониторот.

Големина на основа

Квалитетните држачи за монитор имаат средно-голема основа. Ако основата на држачот е многу мала, држачот може да биде помалку безбеден. Ако пак од друга страна е многу голема, може да окупира непотребен простор на бирото.

Организација на кабли

Добрите и квалитетни држачи за монитор во својата конструкцијта вклучуваат и додатоци за организација на кабли. Ова помага значајно во организација на хаосот под вашето биро и придонесува за совршена слика од вашето биро за на Инстаграм!

Момент на кој што треба да внимавате- каблите да се доволно флексибилни за да може благо да се превиткаат и спроведат низ определените отвори. 

Да сумираме…

Веројатно веќе ви е јасно дека треба да внимавате на многу моменти при изборот на држач. Квалитетниот држач е инвестиција која што може да биде релативно голема, но исто така и носи многу бенефити и олеснувања. Поради тоа, исклучително е важно да инвестирате во квалитетен, професионален држач кој е тестиран по највисоки стандарди. 

Ако ви се чини како тешка задача или пак се уште не сте сигурни кој модел е најдобриот за вас, Ergonomics ви доаѓа на помош. Погледнете ја нашата понуда или пак пишете ни, а ние ќе ви помогнеме да го направите вистинскиот избор. 

Posted on

Топ 5 причини зошто ви треба флексибилен држач за монитор

Многу е веројатно дека вие сте во ред со тоа како е поставен вашиот монитор во моментов. Исто така е многу веројатно дека сте научени на непријатните главоболки и болки во грбот кои се резултат на неправилната позиција од која што седите додека работите. Исто така, веројатно знаете дека ова не е здраво и дека може да доведе до сериозни здравствени пробеми. Решението за ова се флексибилните држачи за монитор. Флексибилните ергономски држачи се додатоци кои служат за поткревање на вашиот монитор и овозможуват флексибилност во движењето на држачот. Овие додатоци се екстремно корисни доколку сте некој кој својот компјутер го користи често и минува долго време пред него. 

Држачите за монитор се корисни поради неколку различни причини. Нивната популарност расте, и помеѓу индивидуите кои работат од канцеларија, но и оние кои работат од дома. Чест коментар на корисниците на држачи е дека забележуваат скоро инстантни бенефити. За кратко време, држачите им стануваат клучен елемент на нивното биро. Во овој блог пост, ќе ви презентираме неколку причини зошто флексибилните ергономски држачи за монитор се толку вреден додаток на вашиот компјутер.

Болка во грбот и чувство на непријатност и притисок во пределот на очите

Колку пати работниот ден сте го поминале здрвени, во една иста позиција повеќе од 4 часа? Веројатно доволно често за да почнете да патите од болки во грбот и вратот. Ваквата позиција при работење има потенцијал сериозно да го загрози вашето здравје. Држач за монтор кој може да се подесува во однос на висина или близина на уредот ќе ви овозможи да ја менувате својата позиција во текот на денот. Доколку не сте во можност да станувате и шетате редовно, промената на висината или близината на уредот е следната најдобра опција, што ќе го заштити вашето здравје.

Важно да напоменеме тука е дека не е важно дали ги искусувате овие проблеми во моментот или не. Тоа што е важно е дали користите монитор често. Доколку одговорот е да, тогаш дефинитивно треба да работите на превенција на проблемот и да ги вклучите ергонмските држачи во своето работење.

Константно се прилагодувате на вашиот уред, наместо тој на вас

Ергономските држачи за монитор ви даваат можност да го прилагодите својот екран на висина што е пријатна за вас.Освен ова, можете да ја прилагодите и близината и аголот на вашиот уред да одговараат на вашите потреби.

Вашиот врат, рамена и грб ќе ги почувстуваат бенефитите од контролата во поставувањето на уредот на висина што вам ви одговара. Држачите за монитор ви даваaт можност сами да ја дизајнирате својата работна околина, која ќе ги задоволува вашите потреби за комфор.  

Неограничена функционалност

Држачите за монитор имаат многу поголема функционалност одколку што ние би можеле да претпоставиме. Некои модели на држачи ви овозможуваат да го поставите уредите и во хоризонтална и во вертикална положба, да го вртите уредот 360 степени па дури и да поставите повеќе монитори на еден држач. Ова ви дава подобра прегледност на тоа што го работите и да го оптимизирате вашето работно место за максимум перформанс.

Оптимизирана работна околина

Научно е докажано дека за да бидеме продуктивни мора да работиме во средена и организирана работна средина. Мониторите често зафаќаат многу простор на вашето биро. Овој простор може да биде многу подобро искористен и да придонесе кон креирање на средена и организирана работна средина. Подигањето на уредот на држач ослободува значаен простор на вашето биро, простор кој може да го искористите за организирање на потребните работи или пак додавање на некое растение или украс.

Подобрена продуктивност

Сите бенефити кои ги презентиравме погоре водат кон една генерална, но важна придобивка од користењето држач- подобрена продуктивност. Зголемената продуктивност се постига со било кој од различните видови на ергономски држачи кои се среќаваат на пазарот. Внесувањето на мали промени на вашето работно место значајно влијае на подобрување на вашето целосно здравје и вашата продуктивност. 

Да сумираме…

Кога би сумирале, држачите за монитор се инвестиција која навистина вреди да се направи, без да се размислува за неа. Без разлика кој држач за монитор и да го одберете, истиот ќе биде одличен и функционален додаток на вашето работно место. Главните бенефити кои ги добивате со користењето на ергономски држачи за монитори кои се подесуваат се намалување и превенција на болките во грбот, вратот и главата и значајно зголемена продуктивност.

Ние во Ergonomics би ве посоветувале да не чекате здодевните и опасни болки да се појават, туку да превземете акција. Инвестирајте во оваа мала но значајна промена во вашето секојдневно работење. Нема да треба долго пред да ги забележите неверојатните промени во вашата продуктивност и благосостојба. Погледнете ја целосната понуда на ергономски држачи на нашата веб страна и нарачајте го својот нов флексибилен ергономски држач. 

Posted on

5 работи што треба да ги знаете при купување на ергономски држач

Конечно решивте да инвестирате во ергономски држач. Почнавте да читате различни информации оn-line и сте збунети не знаејќи што би бил совршен избор за вас. Не грижете се! Ние во Ergonomics составивме листа од 5 работи кои треба да ги знаете при избор и купување на држач. Овие точки ќе ви помогнат да дојдете до вистинските информации со кои треба да располагате при процесот на избор.

Па, да започнеме!


Колку тежи мојот монитор?

Тежината на уредот кој го поставувате директно влијае на капацитетот на тежина што важиот нов држач треба да го има. Мониторот што го поставувате не треба да е потежок од максималната тежина што вашиот држач може да ја поднесе. Во спротивно многу веројатно е дека ќе завршите со оштетен држач и монитор оштетен од пад. Ова не му го посакуваме ни на најлош непријател. Во палетата на производи на  Ergonomics имаме модели на држачи со различна носивост, почнувајќи со модел на држач со 6.5kg носивост , модели на држачи со 8kg носивост  и модели на држач со 10г носивост.

 DMDC5X1 модел за 1 држач со 6.5 kg носивост
DMDC5X1 модел со 6.5 kg носивост

Дали мојот монитор е VESA компатибилен?

VESA компатибилност е технички термин кој реферира на фамилија на стандарди. Во случајот на држачи, се користи да се опише компатибилноста помеѓу држачот и позадината на мониторот, односно делот од мониторот на кој што држачот треба да се прикачи. VESA компатабилен држач има стандарди дупки за монтирање. Овие дупки се поставени на позадината. Со ова се дозволува било каков штраф да биде поставен. Штрафовите обично се затегаат директно во позадината на мониторот и изгледаат како малечки кружни дупчиња. Вообичаенитие димензии на делот за монтирање е или 75mmX75mm или 100mm на 100mm. Кај поголеми и потешки монитори, оваа површина е обично поголема. 

 DM151X1 модел за 1 монитор со 8kg носивост
DM151X1 модел со 8kg носивост

Кои се димензиите на моето биро и колку е длабоко моето биро?

Димензиите и длабочината на вашето биро се варијабли кои ја одредуваат висината и потенцијалната должина на вашиот држач.

Колку монитори планирам да користам?

Бројот на монитори што ќе го користите одредува дали сте во потрага по држач за 1, 2 или повеќе монитори. Додавањето на дополнителни краци на вашиот држач постои како мпжност. Сепак, препорачливо е поставување на држач што е веќе во состојба да ги задоволи вашите потреби за повеќе екрани. Во Ergonomics нудиме држачи изработени од алуминиум и челик кои можат да одговорат на вашите потреби за држач за 1 монитор , 2 монитори, или пак модел на држач за повеќе монитори.

Каков тип на држач е најсоодветен за мене?

Најпопуларниот тип на држач за монитор е оној што се поставуваи монтира директно на вашето работно биро. После него, следат држачите кои поставуваат на ѕид и држачите кои се поставуаат на таван. Кога почнувате во потрагата по држач, најрпво дефинирајте колку е постојано местото на кое работите.

Различни начини на поставување на држач

  • Држач кој стои слободно: Ова е наједноставниот тип- држач кој е прицврстен за тешка основа во форма на круг.
  • Држач прицврстен за задниот дел на бирото: Тука се работи за малку пософистицирано решение- држач кој е полу-трајно решение, и е прицврстен за позадината на вашето биро. При купување на овој држач треба да внимавате ширината на делот кој се прицврстува да одговара на ширината на основата на вашето биро.
  • Држач монтиран за бирото: За разлика од претходните два типа, тука зборуваме за држач кој е далеку потрајно решение. Шипката од држачот се поставува и монтира во претходно направена дупка во бирото. Основата на шипката се прицврстува со штрафови. Се работи за потрајно решение бидејќи поставувањето на овој тип на држач бара правење на дупка во вашето биро. Како модел е совршена замена за држачот кој се прицврстува за задниот дел на бирото, доколку основата на бирото е многу плитка или тенка. 
  • Држач монитан на ѕид или таван: Тука дефинитивно зборуваме за трајно решение- држач кој се монитра на ѕидот до вашето биро или пак на таванот над вашето биро или работен простор. 

Доколку ги имате сите овие работи во предвид при одбирањето на вашиот нов држач, може да ви гарантираме дека ќе го направите вистнискиот избор кој ќе ги задоволи вашите потреби. Во Ergonomics ви нудиме различни модели на држачи, подготвени да се прилагодат на вашите потреби. Посетете ја нашата веб страна и дознајте повеќе за нашата понуда.

Posted on

5 непобедливи бенефити од користењето на држач за монитор

Држачите за монитор се одлични додатоци кои имаат огромен број на бенефиции. За почеток, држачите за монитори помагаат во одржувањето на комфорна позиција при работење. Држачите имаат голема улога во креирањето на здрава и ергономска работна околина во вашата канцеларија, придонесуваат за поголема продуктивност и благосостојба што претставува многу повеќе од физички комфор.


Доколку сте нови во ова и не сте баш сигурни што точно се држачи за монитор и кои се конкретните бенефити од користењето на истиот, продолжете да читате. Ние ги имаме одговорите за вас!

За почеток, што е држач за монитор?

Држач за монитор е додаток кој е наизглед многу сличен со роботска рака. Може да се постави на вашето биро, зид или таван и служи за кревање на вашиот монитор до висина што е идеална за вас. Држачите за монитор може да се прилагодат во зависност од вашите работни навики, без разлика дали седите или стоите додека работите, или пак комбинација од двете.

Држач за еден монитор DM351X3


Кои се бенефитите од користењето на држачи за монитори?

Откако појаснивме што се држачи за монитор, следно на ред да објасниме е зошто ви е потребен држач за монитор и кои бенефити би ги уживале од користењето на држач за монитор.

Бенефит 1: Постигање на најкомфорна, ергономска позиција за работење

Најпрво, подигањето на вашиот монитор на идеалната, ергономска висина е критично за наоѓање на најкомфорната работна позиција за вас. Добрата поставеност на телото додека работите ве штити од напнатост во горниот дел од телото и грбот. Често се фаќаме себеси во позиција каде што сме навалени во неприродна позиција и го исправуваме нашето тело назад со цел да имаме добар преглед на целиот монитор. Држачите за монитор исто така дозволуваат подесување на висината, длабочината и аголот на кој што е поставен мониторот, повторно со цел да ја најдете совршената позиција за вас.

Бенефит 2: Елиминрајте го чувството на тензија и притисок во очите

Состојба на дискомфорт која што често се среќава кај поединци кои екстензивно ги користат своите компјутери или смартфони. Не е тајна дека долгото користење на овие уреди предизвикува замор на вашите очи на крајот од денот. Без соодветна нега и ергономски подесувања, голема е веројатноста дека ќе се соочиме со чуство на притисок во пределот на очите, чуство на сувост во очите, замор па дури и заматен вид. Држачите за монитор ви овозможуваат да се заштитие од овие несакани појави, со тоа што ви овозможуваат поставување на уредот на оптимален агол, висина, позиција и дистанца. Со ова, користењето на држачи за монитор ве заштитутва вас и вашите очи од замор.

Бенефит 3: Среден, организиран и оптимизиран работен простор

Ако ви е смачено од биро кое е неорганизирано, тогаш држачите за монитор се решението кое го барате. Начинот на кој што се поставуваат, им овозможува на држачите на монитори да зафаќаат малку додатен простор, а да ослободат многу од зафатениот простор на вашето биро, било во канцеларија или пак дома. Со тоа што држачите го подигаат вашиот екран над работната маса, се отвора екстра слободен работен простор. Овој новоослободен работен простор е голем бенефит за оние кои сакаат празен работен простор пред нив, било да е тоа за работа или за креирање на чувство на ред и организација. Освен ова, поквалитетните држачи за монитори доаѓаат и со веќе поставени делови кои овозможуваат организација на каблите. Сите модели на држачи на Ergonomics имаат посебен дел кој е поставен во задниот дел на држачот кој служи за спроведување и организација на каблите. 

Бенефит 4: Зголемена продуктивност

Држачите за монитори кои нудат подигање на два или повеќе монитори ви овозможуваат тотална визуелна контрола над тоа што го работите. Со ова, ви се овозможуваат безброј можности во однос на тоа како сакате да ги поставите за да го постигнете најприродното и комфорно работно искуство. Било да се поставени еден до друг на еден држач, еден под друг на држачот, вертикално или хоризонтално поставени на држачот, ќе се овозможи загарантирано зголемување на продуктивноста.

Бенефит 5: Поедноставна соработка

Држачите за монитор ви овозможуваат полесно да го вртите својот екран, кога имате потреба од тоа. Ако за вас и вашата работа е важно да ја споделувате својата работа со колегите, тогаш држач кој има способност за 180 степени ротација на екран е решението за вас. Погледнете го моделот (модел на држач) на Ergonomics кој ви ја нуди оваа неверојатна предност.

Сега, кога знаете повеќе за тоа што се држачите за монитори и кога сте запознаени со бенефициите од користењето на држачите за монитор, време е да си го купите својот.  Погледнете ја целосната понуда на Ergonomics и одберете го вашиот нов модел, со бесплатна достава до дома или канцеларија. 

Posted on

Ако работите од дома: Внимавајте на грбот, често станувајте од место и вежбајте

Правилното држење на телото е значаен фактор за здравјето на секој човек. Помага во спречување на болките во грбот и ја намалува можноста од остеопороза во староста. Но, покрај здравствените придобивки, правилното држење на телото остава впечаток кај другите луѓе дека сте помлади и полни со енергија.

Во продолжение прочитајте ги следните неколку совети за подобрување на вашето држење на телото:

Ако седите долго време, правете паузи

Ако поминувате по неколку часови седејќи пред вашиот компјутер и ако столот на кој што седите не е најудобен, станувањето од време на време е многу важно. Станете и прошетајте наоколу на секој половина час. Направете си потсетник што ќе ве потсетува дека е време да одите по чаша вода, малку на свеж воздух на тераса, појадок итн.

Внимавајте да не одите згрбавено

Одењето згрбавени е лошо за ‘рбетот. Ако не се грижите, ова држење може да ви прерасне во навика. За да го подобрите вашето држење на телото, замислете дека држите книги на главата и движете се со самодоверба.

Избегнувајте кревање тешки предмети

Кревањето на тешки предмети може да го истегне грбот или да предизвика ненамерна повреда на грбот. Наместо тоа, повикајте пријател, користете количка или некој друг механизам што може да ви помогне во пренесувањето на тешки предмети од едно до друго место.

Вежбајте често

Неколку основни вежби во денот, кои можете да ги правите и во вашиот дом, можат да помогнат за истегнување на телото и да бидат корисни за вашето држење на телото. Најдобро е да се консултирате со соодветен експерт во врска со вежбите за ‘рбетниот столб што може да влијаат на правилното држење на телото.

Јадете разноврсна храна

Внесувањето на хранливи материи е важно за здравјето на коските. Важно е да внесувате доволно храна богата со калциум. Силните и здрави коски го намалуваат ризикот од фрактури и други проблеми со коските. Зелениот зеленчук е исто така одличен извор на витамини кои помагаат при обновување на коските.

Користете ергономски производи при работа

Ергономските производи се дизајнирани за најдобро да се прилагодат на човечкото тело при работа, но во исто време и да ви обезбедат комфор додека ги извршувате секојдневните задачи. Ергономските производи овозможуваат да се работи поудобно, да се зголеми продуктивноста, да се намали бројот на професионални заболувања и да се зголеми ефикасноста и безбедноста при употреба на одреден технолошки уред.

Posted on

Кои се бенефитите од користење на два монитори?

Дали некогаш сте размислувале за користење на два монитори и како тоа може да ви се одрази на секојдневните работни обврски или едноставно на играњето игри во слободно време?

Во овој блог пост, ќе прочитате за придобивките од поставување на два монитори и ќе ги научите работите што треба да ги земете во предвид пред да започнете со користење на два монитори.

Придобивки од користењето на два монитори

Поставувањето на два монитори ви овозможува да извршување на повеќе задачи одеднаш додека програмирате, едитирате видеа или фотографии или едноставно ги ги играте вашите омилени видео игри. Дополнителниот екран може да се користи како работна површина за прелистување на веб, за гледање на видеа или за прикажување на решенијата и други информации за некоја игра. Да се ​​има два екрани е скоро неопходно ако планирате да направите стриминг на Twitch. На овој начин можете да играте на едниот монитор и да користите алатки за стриминг на вториот монитор. Можете лесно да водите разговор и да одговарате на вашите гледачи во реално време.

Друга предност е што според последните истражувања, користењето на два монитори, овозможува зголемена продуктивност при работењето и поголема прегледност при играње игри – со поголем простор на екранот, можете да ги видите непријателите од далеку, да ги предвидите нивните постапки, да ја испланирате вашата одмазда и да нападнете. Ако, на пример, сте љубител на игри со трки, можеби ќе размислите да поставите два монитори кои што се состојат од заоблен и рамен монитор. Заоблените монитори, кои што се прилагодуваат на природната крива на нашето око, нудат поширок агол на гледање и ќе обезбедат пореално чувство за играта.

Следната предност е во поголемата прегледност особено доколку споредувате модели на производи или верзии на апликации, како и полесното копирање на работи од еден во друг документ или презентација, без непотребното менување на табови или различни прозорци.

Работи на кои што треба да размислите пред да почнете со користење на два монитори

Но, пред да се упатите во најблиската продавница и да потрошите пари на дополнителен екран, проверете дали ги имате во предвид следните неколку работи: опции за поврзување со вашиот компјутер, големина на екранот, ширина на рамки и поставки и прилагодувања.

Најпрво, треба да бидете сигурни дека вашиот компјутер, поточно, графичката картичка на вашиот компјутер може да поддржува два монитори. Ако вашата графичка картичка има само еден видео порт, не е можно да користите два монитори без дополнителна графичка картичка. Ова, сепак, е невообичаено затоа што повеќето современи компјутери имаат барем два видео порта, што значи дека е можно да се поврзат два монитори. Овие влезови може да бидат од кој било вид – VGA, DVI, HDMI, Type-C или DisplayPort.

За поизбалансирано искуство, секогаш размислувајте двата монитори да се со иста големина. Доколку сепак се одлучите за разлилни димензии на момниторите, треба да знаете дека два различни монитори треба да бидат правилно усогласени и поставени за да имаат најдобри перформанси.

Третата работа што треба да ја имате предвид при купување на дополнителен монитор е дебелината на рамките. Екстремно тенките рамки на мониторите се дизајнирани за поставување на два или повеќе монитори заедно. Кога се поставени рамо до рамо, два монитори со тенки рамки обезбедуваат далеку подобро искуство за гледање, без да се одвлекува вниманието на рамките. Дури и ако веќе имате еден монитор со пошироки рамки, дополнителниот монитор со тесни рамки може да ви понуди подобрен поглед.

Во зависност од вашата цел и примена, ќе ви требаат и дополнителни додатоци за вашите монитори: како што се ергономски држач, монтажна „рака” и други ергономски додатоци кои ќе овозможат удобно вршење на обврските или играње на вашите омилени игри со помош на функцијата за ротација и накосување на мониторите. Во случај да често чуствувате болка во грбот после неколкучасовно седење пред вашиот компјутер, не заборавајте да ги проверите држачите за монитори кои можат да се најдат на нашата веб страница.

Posted on

Како да ја подобрите непријатноста во грбот, зглобовите и воопшто здравјето при работење на компјутер?

Оние што поминуваат голем број часови пред компјутер, знаат за болките во грбот или зглобовите. Овие болки стануваат сè почести бидејќи компјутерите секојдневно се користат во речиси сите работни околини. Болката во зглобовите започнува со вкочанетост или пецкање и ескалира до силна болка. Но, постојат начини за подобрување на оваа состојба. Ако често чувствувате болки при работа на вашиот компјутер/лап топ, еве како можете да започнете да ја подобрувате непријатноста на зглобовите и грбот.

Правилно држење на телото

Да, постои правилен начин на седење кога се наоѓате пред вашиот компјутер. За различка од генералното верување дека треба да седите целосно исправено, всушност треба да се потпирате малку наназад на столот. Вашите нозе треба да ја допираат земјата и колената да ви бидат свиткани под агол од околу 90 степени. 

Осигурете се дека тастатурата е поставена правилно

Тастатурата треба да биде поставена на рамна површина што е ниво на лактот. Ова ќе помогне да се осигурате дека зглобовите не се на работ на вашата работна маса и дека не мора да го свиткате зглобот за да стигнете до тастатурата.

Наместете ја тастатурата поблизу до вас, за да не се најдете во ситуација како ги потпирате рацете на вашата работна маса, затоа што тоа предизвикува дополнителен напор за вашите зглобови. Со внимавање на положбата на зглобот, ќе можете да ја ублажите вашата непријатност.

Направете пауза 

За да ги намалите болките во зглобовите од пишување, треба да правите најмалку четири кратки паузи од пишување/куцање и тоа на секој час, за да не ги изморите вашите раце. Ние знаеме дека сте зафатени и сакате да завршите со работата побрзо, но можете да ги искористите овие паузи да направите други задачи за кои не е потребен компјутер.

Додека ги правите потребните паузи, тргнете се подалеку од вашиот компјутер за да ви ги одморат и очите.

Започнете со подобрување на „здравјето” на зглобовите 

Следејќи ги советите погоре, ќе почувствувате подобрување на непријатноста во вашиот грб и зглобови и ќе избегнете посета на доктор. Некои дополнителни работи што треба да ги имате на ум вклучуваат користење на држачи за монитор, кои се прилагодливи на висината која е најсоодветна за вас и за потребите на работата, како и стоечко биро, кое овозможува прилагодување на висината и кое исто така може да ви помогне да го одржите доброто држење на телото и да ја намалите болката во рацете од пишување/ пишување на тастатура.

Во нашата е-продавница можат да се најдат дел од овие ергономски производи кои ќе ви помогнат да го подобрите вашето држење на телото, да ја олесните непријатноста во зглобовите и да го подобрите вашиот севкупен квалитет на живот.

Posted on

Дали седeњето е навистина лошо за вас?

Без разлика дали се на работа или дома, најголем дел од Македонците седат повеќе од осум часа на ден. И, тоа е конзервативна проценка, со оглед дека 80% од работните места бараат малку или никаква физичка активност, а голема е веројатноста дека седите и додека го читате овој текст… 

Веројатно знаете дека „седечкиот” животен стил е лош за вас. Но, дали знаете зошто, или во која мерка? Во продолжение ќе покриеме некои здравствени ризици поврзани со долго седење и ќе понудиме неколку предлози за да ве задржиме на нозе.

1. Неактивноста води кон дебелина

Постои јасна корелација помеѓу тежината и времето поминато на седење. Подебелите лица поминуваат повеќе време да седат од оние кои тежат помалку.

Седењето согорува многу мала количина на калории. Ова не значи дека треба да барате нова работа со повеќе движење или да скокате додека ја завршувате својата канцелариската работа. Сепак, дури и алтернативата – стоење при работењето, согорува повеќе калории.

И, како што сите знаеме, нашата тежина е крајно одредена од нашето управување со калориите. Ако внесувате повеќе калории отколку што согорувате, килограмите ќе почнат да се зголемуваат. Препорачаниот просек од 2.000 калории на ден е веројатно премногу за некој што малку работи на тоа да ги согори во текот на денот.

2. Седењето може да предизвика неколку болести

Но, тоа не е само дебелина. Во принцип, седењето подолг временски период е поврзано со сериозни здравствени компликации. Покрај дебелината, луѓето со „седечки” животен стил имаат двојно поголема веројатност да развијат висок крвен притисок, дијабетес и некои форми на карцином. Според Светската здравствена организација, седењето во текот на целиот ден е една од првите десет водечки причини за смрт низ целиот свет.

Можеби мислите дека може да се спротивставите на ефектите од седењето во канцеларија со вежбање дома. Би згрешиле и покрај тоа што повеќето сметаат дека еден час вежбање на ден е дел од активен животен стил, една студија покажа дека не ги спротивставува негативните ефекти од седењето.

3. Лошо држење на телото = лошо здравје

Ако некогаш сте искусиле болка во грбот, рамото или вратот, најверојатно е резултат на предолго седење. Лесно е да се спуштите на столот, да се потпрете премногу на потпирачот за грб или да се потпрете на ниско ниво за да погледнете одблизу на вашиот монитор.

Кога ќе се задржите во овие непријатни позиции со часови секој ден, тоа ќе го наруши вашето држење на телото. Заедно со хронична болка која може да влијае на вашата способност да спиете и да функционирате во текот на денот, лошата положба на телото раѓа други здравствени проблеми. Ергономската канцелариска опрема може да го подобри вашето држење на телото и да ја направи вашата работа поудобна и ефикасна.

4. Размрдајте се за да си го зголемите расположението

Времето поминато во движење е еден од најлесните начини со кои можете да ги регулирате хемикалиите и хормоните кои го обликуваат вашето ментално здравје. Поминување на целиот ден во седечка положба може да ја дестабилизира оваа рамнотежа и да му наштети на расположението.

Огромното време поминато во седечка положба е поврзано со ментални нарушувања како што се вознемиреност и депресија. Едно истражување вали дека имате три пати поголема веројатност да развиете депресија ако седите седум часа на ден, во споредба со оние што седат четири или помалку.

Умот и телото бараат физичка стимулација за да останат во нивната најдобра форма. Дури и нешто едноставно како стоењето наместо седење може да го подобри протокот на крв и да испушти ендорфин, хормони што ве прават да се чувствувате среќни.

5. Ако седите цел ден, нема да заспиете цела ноќ

Дали се борите да спиете цврсто ноќе? Вашата несоница може да биде предизвикана од премногу седење. Активноста ја подобрува вашата дневна енергија и го олеснува заспивањето и сонот.

Кога не ја согорувате вишокот енергија во текот на денот, навечер ќе бидете премногу будни за да ви дојде дремка. Накратко: колку повеќе седите, толку помалку спиете.

И тоа не е само прашање на енергија. Несоницата е исто така предизвикана од многу здравствени последици што се резултат на премногу седење. Некои од овие се физички заболувања, како хронична болка од лошо држење на телото.

Но, вашето ментално здравје е исто така фактор. Депресијата и вознемиреноста можат да ја одржат главата будна во текот на целата ноќ и да го спречи долгоочекуваниот сон.

6. Застанете на нозе

Дознавме дека седењето е многу  лошо за сите нас, но кои се алтернативите? Има неколку начини на кои можете да останете на нозе кога сте на работна површина долго време.

Стоечките бироа (биро со прилагодување на висината ) на пример се здрава алтернатива на седењето по цел ден. Користењето бироа за стоење не е само поздрава, туку и попродуктивна опција. Ќе завршите повеќе работа, побрзо и попрецизно со стоечко биро.

Ако едноставно мора да останете седнати за здравствени цели или вашата канцеларија нема да дозволи да користите стоечко биро, тогаш размислете за таканаречен активен стол за седење. Овие столици ве држат во движење, промовирајќи подобра позиција и поактивен животен стил.