Политика за приватност

Политиката на приватност се однесува на доверливоста на личните податоци кои се собираат при процесот на купување производи на интернет страницата ergonomics.mk. Оваа политика за приватност е составен дел од Општите услови за работа на сајтот Ergonomics.mk

Ergonomics.mk се прирдржува до важечките прописи со цел заштита на приватноста на своите Клиенти, а особено на Законот за заштита на личните податоци. Поради тоа, во овој документ се опишува како контролорот на лични податоци, Ергономикс ДОО ги обработува личните податоци.

Се упатуваат Корисниците (во понатамошниот текст како Купувачи) на интернет страницата Ергономикс да прочитаат сè што е наведено на оваа страница за полесно да разберат кои податоци интернет страницата Ergonomics.mk ги собира, обработува и за која цел се користат и споделуваат, како и да дознаете повеќе околу заштитните мерки кои се спроведуваат и кои се вашите права поврзани со пристапот до лични податоци, корекции, бришење и вашето право на приговор.

Секој клиент или потрошувач кој има било какви прашања поврзани со личните податоци може да ги испрати преку електронска пошта на info@ergonomics.mk

Назив и адреса на контролорот

Друштво за трговија и услуги ЕРГОНОМИКС ДОО увоз-извоз, ОРЦЕ НИКОЛОВ 190/1-6 Скопје

Офицер за заштита на лични податоци

За дополнителни информации околу остварување на вашите права за заштита на личните податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци.

Со користењето на оваа интернет страница ги прифаќате правилата на користење, како и политиката на приватност на Ергономикс.мк, односно Купувачот потврдува дека ги прочитал, разбрал и се согласил за обработка на личните податоци кои се утврдени со оваа изјава.

Каков тип на лични податоци собира и обработува Ергономикс ДОО преку интернет страницата Ergonomics.mk?

При процесот на купување на производ, интернет стрницата Ergonomics.mk од Купувачот ќе побара обезбедување на одредени информации за себе, како име и презиме, адреса на живеење (вклучувајќи општина и поштенски код), адреса за електронска пошта, телефонски број и доколку Купувачот одбере, информации за друго лице на кое треба да му биде извршена доставата на производот.

Давањето на лични податоци е одлука на Клиентот или Корисникот. Доколку Клиентот или Корисникот не ги обезбеди потребните задолжителни информации за одредена активност што е побарана, нема да му биде дозволено вклучување во таа активност, бидејќи без тие податоци активноста нема да биде технички изводлива.  

Покрај овие информации, ние автоматски собираме податоци од вашиот компјутер, што може да вклучува IP-адреса, а има ситуации кога автоматски собираме и друг тип на податоци, како што се датум и време на пристап до интернет страницата Ergonomics.mk, информации за хардверот и софтверот или интернет пребарувачот кој го користите како и оперативниот систем на вашиот систем и верзија на апликацијата и јазичните поставувања.  Исто така, може да собираме информации за кликовите на интернет страницата на Ergonomics.mk.

Додатно, преку користење на контакт формата која се наоѓа тука, при процесот на испраќање на електронска порака вашите лични податоци, како име, електронска пошта и вашата порака се препраќаат кон сандаче каде што истите служат како би било возможно да вратиме на вашата порака.

За каква цел Ергономикс ДОО собира и обработува лични податоци?  

Ергономикс ДОО ги собира и обработува личните податоци за Купувачот заради реализација на договори за набавка и испорака на производите, испорака на производи до Купувачот, можна комуникација со Купувачот, можни законски процедури поврзани со реализација на договорот.

Ергономикс ДОО ја користи електронската пошта на Купувачот само за да испрати информации поврзани со доставата или самиот производ. 

Која е правната основа за обработка на лични податоци?  

Купувачот со внесување на неговите лични податоци и потврдување (кликнување) за прифаќање на Општите услови на работа и оваа Изјава за приватност, стапува во договорна врска која е основ за купување на производи и услуги по избор на клиентот на интернет страницата Ergonomics.mk, а која е содржана во Општите услови на работа. Обработката на овие лични податоци е легална затоа што се преземаат активностите на барање на Клиентот со цел да се реализира набавка на производи и услуги нарачани од Клиентот, како и склучениот договор во кој е Клиентот е купувач. Корисникот може да ја повлече согласноста за известувања во било кое време со испраќање на електронска пошта на Офицерот за заштита на личните податоци, на електронската адреса info@ergonomics.mk

Со кои приматели Ергономикс ги споделува личните податоци?  

Ергономикс ДОО нема да ги споделува личните податоци на Клиентот или Корисникот со други страни, освен во случаи наведени во следната точка и во ситуација кога тоа го бараат правните регулативи. 

Ергономикс ДОО, при барање на реализирање на договорот за купување на производи или услуги нарачани од Клиентот, ќе ги сподели личните податоци на Клиентот со:  

1. Давателите на услуги за дистрибуција на стока со кој има постојан договор за соработка и за таа цел да исполнуваат нарачки, да испорачуваат пакети, да испраќаат пошта и електронска пошта. Давателот на услуги за дистрибуција може да ја побара на увид личната карта на Купувачот при личното преземање на производите, со цел за реализација на услугата за испорака на пакетот и евиденција за тоа кој го преземал пакетот. Доколку Клиентот одбие да ја испорача оваа информација, пакетот нема да му биде предаден.

2. Давателите на услуги во овластен сервис во случај Купувачот да поднесе рекламација за производот и доколку е потребна проверка на производ или да побара сервисирање на производот кој го купил, се со цел да може да ја реализира услугата за поправка, сервисирање или проверка на производот од страна на овластениот сервис.  

Обработка на личните податоци за време на процесот на плаќање со кредитна или дебитна картичка

Ергономикс ДОО за време на плаќање на интернет страницата Ergonomics.mk, како услов за плаќање на производите и услугите со кредитни или дебитни картички, бара дозвола од Купувачот да го активира процесот на плаќање преку компанијата Интернационален картичен систем АД Скопје, давател на услуги за процесирање и наплата преку кредитни или дебитни картички, договорен партнер на Ергономикс ДОО и Обработувач на личните податоци. За таа цел, личните податоци на Купувачот (име и презиме на Купувачот и податоците од картичката на Купувачот) се привремено зачувани кај Интернационален картичен систем АД Скопје. Клиентот го активира процесот на обработка и плаќање преку картичка со потврда (кликнување) на копчето „Нарачај“.    

Ергономикс ДОО во ниту еден момент не располага, не ги собира или обработува личните податоци поврзани со процесот на наплата со дебитни или кредитни картички. Ги советуваме Купувачите да се информираат за обработката на личните податоци од страната на Интернационален картичен систем АД Скопје (casys.com.mk).

Рок на чување на личните податоци

Ергономикс ДОО ги чува личните податоци кои се добиваат при вршење на нарачка на интернет страницата се во период од поставувањето на нарачка на интернет страницата Ergonomics.mk до испраќање на порака кон Офицерот за заштита на личните податоци за бришење на личните податоци кои се чуваат за Купувачот.

Пристап и бришење на лични податоци (право на бришење на лични податоци)

Купувачите во секој момент имаат можност да го контактираат Офицерот за заштита на личните податоци за да побараат кои податоци интернет страницата Ergonomics.mk ги чува за нив, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци имаат право во секое време да побараат бришење на личните податоци. Купувачите можат да го остварат тоа право со испраќање на електронска порака на електронската адреса на Офицерот за заштита на лични податоци или на info@ergonomics.mk и податоците ќе бидат избришани во рок од 30 дена.

Право на приговор  

Доколку и покрај сите преземени мерки за заштита на личните податоци, сметате дека имате основ за приговор, контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци

Се подразбира дека имате право и да поднесете пријава до надлежниот орган.  

Сигурносни мерки за заштита на личните податоци  

Собраните податоци кои се испраќаат на интернет страницата Ергономикс мк, се во електронска форма и се затитени со TLS/SSL криптографски протокол кој ги енкриптира податоците и со тоа се обезбедува комуникацијата помеѓу компјутерот или уредот на Купувачот и Ergonomics.mk да се одвива преку безбеден протокол. Ergonomics.mk сериозно ја сфаќа заштитата на податоците и превзема различни мерки на претпазливост. За жал, ниту еден пренос на податоци преку Интернет или било која мрежа не може да биде целосно сигурен. Поради тоа, Ergonomics.mk не може да гарантира заштита на било какви информации пренесени од или на интернет страницата Ergonomics.mk и не е одговорна за постапките на било која трета страна што прима такви информации.

Измени на Изјавата за приватност  

Оваа Изјава за приватност на Ergonomics.mk може да се измени во секое време со објавување на изменетиот текст во Изјавата на приватност на интернет страницата Ergonomics.mk. Затоа ги советуваме Купувачите периодично да ја прегледуваат оваа страница, што ќе укаже на нови промени доколку постојат. 

Доколку Купувачот не се согласува со оваа Изјава за приватност, ги советуваме да заминат, да не ја пристапуваат или користат интернет страницата Ergonomics.mk. Промената на Изјавата за приватност стапува на сила веднаш по објавувањето на интернет страницата Ergonomics.mk. Купувачот, по стапувањето во сила на промената подразбира дека Купувачите ги потврдуваат и прифаќаат промените во Изјавата за приватност. 

Политика за користење на колачиња (cookies)  

Ergonomics.mk користи колачиња за да ви помогне да ја прилагоди вашата употреба на Интернет на вашите потреби.

Колаче е текстуална датотека што е зачувана на вашиот хард диск од веб-сервер. Колачињата и другите технологии за следење можат да се користат на интернет страницата Ergonomics.mk на различни начини, на пр. со цел да функционира интернет страницата Ergonomics.mk, за анализа на сообраќајот или за маркетинг цели. Една од основните намени на колачињата е да се обезбедат придобивки што ќе ви заштедат време и ќе го подобрат вашето искуство на интернет страницата Ergonomics.mk

Колаче (eng. Cookie) е податок со мала големина што интернет страницата ја складира на компјутерот или мобилниот уред на посетителот. Колачето овозможува интернет страницата да ги „запомни“ постапките на посетителите од претходните посети. Повеќето прелистувачи дозволуваат употреба на колачиња, но корисникот може да ги избрише во секое време или да постави забрана за чување во својот пребарувач. Најчестите причини за користење на колачиња се: идентификување на посетители, запомнување на специфични кориснички преференци, помагање во внесување на информации што веќе биле внесени за време на претходните посети, собирање податоци за анализа и промотивни кампањи.

Колачињата може да се класифицираат како:  

Привремени колачиња (Session cookies) – Колачиња за сесии – се зачувуваат на вашиот компјутер и потоа автоматски се бришат кога ќе го затворите пребарувачот. Тие овозможуваат интернет страницата да добие привремени информации, како што е статусот на кошничката за купување.

Трајни колачи (Persistent cookies) –  Тие остануваат во вашиот пребарувач дури и по затворање и обично имаат датум на истекување. 

Колачиња од прва страна – тие доаѓаат од интернет страницата што сте ја посетиле и можат да бидат привремени или трајни. Тие им овозможуваат на интернет страниците да ги зачувуваат податоците користени кога корисникот повторно ја посетува интернет страницата. Колачиња од трета страна – Постојат неколку надворешни сервиси кои складираат ограничени колачиња за корисникот (Facebook, Google Analytics и AdWords).

Овие колачиња не се поставени од страна на Ergonomics.mk и најчесто служат како помош при толкување на однесувањето на корисникот и за маркетинг цели.

Кои опции ви се достапни?  

Во поставките на пребарувачот, како што се Edge, Chrome,Internet Explorer, Safari, Firefox или други, можете да наведете кои колачиња сакате да ги прифатите, а кои да ги одбиете. Каде можете да ги најдете поставките, зависи од типот на пребарувачот.

Исто така, на вашата прва посета на интернет страницата на Ergonomics.mk, ќе ви се појави прозорец кој ќе ви овозможи да дадете согласност кој тип на колачиња сакате да ги одберете. Интернет страницата Ergonomics.mk има две опции, односно задолжителни, т.н. неопходни колачиња кои се апсолутно потребни за функционирање на самата интернет страница, и овозможуваат само основни функционалности и безбедносни карактеристики на интернет страницата; како и, колачиња за аналитика, следење и маркетинг кои не се неопходни и постои опција за нивно „одбивање“, кои се користат специјално за собирање лични податоци на корисникот преку аналитика, реклами, други вградени содржини се означуваат како непотребни колачиња, односно колачиња кои не влијаат врз работата на интернет страницата.

Доколку изберете опција дека не сакате да прифаќате одредени колачиња, можеби нема да можете да користите одредени функции на интернет страницата Ergonomics.mk