Правилното држење на телото е значаен фактор за здравјето на секој човек. Помага во спречување на болките во грбот и ја намалува можноста од остеопороза во староста. Но, покрај здравствените придобивки, правилното држење на телото остава впечаток кај другите луѓе дека сте помлади и полни со енергија.
Во продолжение прочитајте ги следните неколку совети за подобрување на вашето држење на телото:
Ако седите долго време, правете паузи
Ако поминувате по неколку часови седејќи пред вашиот компјутер и ако столот на кој што седите не е најудобен, станувањето од време на време е многу важно. Станете и прошетајте наоколу на секој половина час. Направете си потсетник што ќе ве потсетува дека е време да одите по чаша вода, малку на свеж воздух на тераса, појадок итн.
Внимавајте да не одите згрбавено
Одењето згрбавени е лошо за ‘рбетот. Ако не се грижите, ова држење може да ви прерасне во навика. За да го подобрите вашето држење на телото, замислете дека држите книги на главата и движете се со самодоверба.
Избегнувајте кревање тешки предмети
Кревањето на тешки предмети може да го истегне грбот или да предизвика ненамерна повреда на грбот. Наместо тоа, повикајте пријател, користете количка или некој друг механизам што може да ви помогне во пренесувањето на тешки предмети од едно до друго место.
Вежбајте често
Неколку основни вежби во денот, кои можете да ги правите и во вашиот дом, можат да помогнат за истегнување на телото и да бидат корисни за вашето држење на телото. Најдобро е да се консултирате со соодветен експерт во врска со вежбите за ‘рбетниот столб што може да влијаат на правилното држење на телото.
Јадете разноврсна храна
Внесувањето на хранливи материи е важно за здравјето на коските. Важно е да внесувате доволно храна богата со калциум. Силните и здрави коски го намалуваат ризикот од фрактури и други проблеми со коските. Зелениот зеленчук е исто така одличен извор на витамини кои помагаат при обновување на коските.
Користете ергономски производи при работа
Ергономските производи се дизајнирани за најдобро да се прилагодат на човечкото тело при работа, но во исто време и да ви обезбедат комфор додека ги извршувате секојдневните задачи. Ергономските производи овозможуваат да се работи поудобно, да се зголеми продуктивноста, да се намали бројот на професионални заболувања и да се зголеми ефикасноста и безбедноста при употреба на одреден технолошки уред.