ЧПП

Колку време е потребно за испорака на пратката?

Сите нарачки направени на нашата страница се доставуваат во рок од 2 до 4 дена. Доколку се пројдени 5 дена, а пратката сѐ уште не е доставена, Ве молиме контактирајте нѐ.

Начин на плаќање?

Нарачките може да се платат со дебитните и кредитните картички на VISA и MASTERCARD. Возможно е и плаќање во готовина при прием на пратката. Пред потврдување на нарачката, Ве молиме одберете го начинот на плаќање. Доколку сакате да направите нарачка како правен субјект, Ве молиме контактирајте нѐ.

Како да ја откажам нарачката?

Доколку сакате да ја откажете нарачката, Ве молиме веднаш да испратите барање преку контакт формуларот на нашата веб страница со наслов „Откажување на нарачка“.

Како да ја променам нарачката?

Доколку сакате да ја промените нарачката, најпрво ќе треба да ја откажете истата, потоа да направите нова нарачка со бараниот производ.

Дали се дозволени нарачки преку телефон?

Не.

Како да го искористам ваучерот?

Пред да ја потврдите нарачката, внесете го кодот од ваучерот во соодветното поле.

Дали доставувате до поштенски фах?

Не.

Сè уште не сум ја примил/а нарачката. Што да направам?

При секоја нарачка, Ве молиме внесете точни контакт информации. На овој начин, поштарот ќе биде во можност да ја достави пратката на точната адреса или да Ве контактира доколку првиот обид за достава бил неуспешен. Доколку не сте воопшто контактирани од страна на поштарот, Ве молиме контаријте нѐ преку контакт формуларот на нашата веб страница.

Дали работите за државни и верски празници?

Не.

Кои информации се потребни за да се избегне проблем при доставување?

При внесување на Вашите лични податоци, задолжителни се полињата означени со *. Ве молиме проверете ги информациите наведени во тие полиња за да се избегне проблем при доставување.

Како да го вратам купениот производ?

Ве молиме контактирајте нѐ, како би Ви дале инструкции за враќање на производот. Земете предвид дека поштарината за враќање на производ чини 100 мкд. Поштарината за враќање нема да биде наплатена во случај производот да е пристигнат оштетен или да е пристигнат погрешен производ.

Во кој временски рок смеам да го вратам производот?

Во согласност со Законот за потрошувачи, Вие имате 15 денови да го вратите производот или да побарате замена. Доколку се одлучите да го вратите производот, платената сума ќе Ви биде вратена во целост, под услов производот да е вратен во иста состајба како што е пристигнат. Следствено, ние вршиме инспекција на вратените производи, по што ќе Ве известиме за понатамошни дејствија.

Пристигнатиот производ е расипан. Што да правам?

Доколку Ви пристигне производ кој не функционира како што треба или има расипани делови, Ве молиме контактирајте нѐ преку формуларот за контакт на нашата веб страница. Вашиот производ ќе биде заменет со нов, бесплатно.

Гаранција

Сите наши производи имаат 1 (една) година гаранција. Гарантниот рок започнува на денот на прием на нарачаниот производ.

Што е вклучено во гаранцијата?

Сите детали се опишани во гарантното писмо кое пристига заедно со нарачаниот производ.

Дали цените се променливи?

Ergonomics.mk целосно го задржува правото да ги менува и ажурира цените. Промените вклучуваат, но не се ограничуваат на зголемување или намалување на малопродажните цени, одредување попусти во промотивни периоди како и соодветен рабат за поголеми нарачки.

Дали во цените е вклучен ДДВ 18%?

Сите цени прикажани на веб страницата се со вклучен ДДВ.

Дали е дозволена промена на фактурата?

Не.

Како до директен контакт?

Доколку имате какво било прашање или потреба од нашата компанија, слободно контактирајте нè преку фоурмуларот за контакт на нашата веб страница.

Колку време ви е потребно за одговор?

Најчесто одговараме на Вашите прашања за 24 часа. Во случај на неработни денови и државни и верски празници, би ни било потребно повеќе време за одговор.