Мониторите доаѓаат во различни големини и форми. Кога ќе дојде редот да изберете држач за вашиот монитор, може да биде вистински предизвик да го направите вистинскиот избор. Затоа, е многу важно да знаете каде да започнете.
Внимавајте, следи една многу голема бројка.
1700 часа.
Просечен професионалец во канцеларија минува неверојатни 1700 часа годишно пред својот монитор. За целото ова поминато време е важно мониторот да биде поставен правилно. Така, вие би биле комплетно сигурни дека работите во оптимизирана, продуктвина и безбедна работна средина.
Па, што се би требале да имате на ум кога започновате со својата потрага по држач?
I. Компатабилност
Кога размислувате за компатабилноста на вашиот монитор и држач, дајте си одговор на следниве 3 прашања:
Дали моите уреди се VESA компатабилни?
Пред да навлезете во детали за тоа како држачот ќе се вклопи во вашиот ентериер, важно е да проверите дали е VESA компатибилен.
Што значи VESA компатибилност?
Наједноставно, VESA компатабилност значи дека мониторот кој ќе го поставувате, има 4 дупчиња на позадината. Овие 4 дупчиња се прилагодливи на секој бренд и модел на држачи. VESA стандардите се поставени со цел да се соединат различните производители на монитори и држачи на монитори и да се воспостави заедничка компатабилност. Односно, скоро секој модел на монитор да одговара на секој модел на држач.
Колку тежи мојот уред?
Интерентот е навистина магично место каде што покрај сѐ останато, може да најдете информација и за тежината на вашиот монитор. Кога ќе го внесете производителот и моделот на држачот, би требало едноставно да дојдете до тежината на вашиот монитор. Доколку не сте сигурни за кој модел конкретно се работи, информацијата за тежина барајте ја на позадината на мониторот. Многу е веројатно е тука да најдете налепница на кој што освен други податоци, може да ја најдете и тежината на мониторот. Кога ги разгледувате различните модели, осигурајте се дека тежината на мониторот не е поголема од максималната тежина која што држачот може да ја поднесе. Ова е особено важно доколку се работи за поставување на неколку различни монитори на еден држач.
Која е максималмната големина на екран за вашиот модел на држач?
Некои држачи на монитор не ја нудат потребната прилагодливост за уреди кои имаат големи екрани. При изборот на држач треба да се осигурате дека има доволно простор помеѓу поставениот уред и вашето биро. Друг момент на кој што треба да внимавате кога имате големи екрани е да пресметате дали мониторите воопшто може да се постават еден до друг.
II. Прилагодувања
Персонализацијата и прилагодувањето на уредите да одговараат на вашите потреби е клучна во креирањето ергономски работни услови. Работни околини кои се карактеризираат со незадоволителни ергономски услови, може да доведат до хронични болки во вратот, грбот, дискомфорт, намалена продуктивност и целокунпно незадоволство.
Подигање
Држачот за монитор треба да може да се поместува нагоре и надоле за да може да се прилагоди на потребната висина која што вам ви е потребна. Доколку работите во седечка или стоечка позиција која не е прилагодена на вашите потреби, големи се шансите да се соочите со болки и непријатности во вашето тело.
Навалување
Држачот за монитор треба да ви овозможи да го навалите вашиот монитор. Навалувањето треба да биде под агол, од 10 до 20 степени. Оваа карактеристика на држачот ќе ви помогне ќе ви помогне во намалување на стресот кој се предизвикува за очите.
Длабочина
Флексибилните држачи креираат дополнителна флексибилност во вашиот работен простор. Можноста да го поместите комплетно вашиот држач ви отвора дополнителен простор за различни проекти и задачи.
Ротација на монитор
Ротација на мониторот ви дава можност да го вртите својот уред за 90 степени. Ротацијата на вашиот монитор хоризонтално или вертикално ви овозможува да го подесите својот монитор во хоризонтална или вертикална позиција и да го олесните своето читање, работа и слично.
III. Квалитет
Купувањето на квалитетен држач за монитор ќе го претвори вашето работење во уживање. Квалитетен држач ќе ви овозможи среден, организиран работен простор и монитор кој е поставен на висина соодветна за вас. Најважно, квалитетниот држач за за монитор ќе се осигура дека вашиот монитор е сигурносно поставен, нема да се витка или евентуално падне.
Професионални уреди
Професионалниот држач за монитор ќе ви обезбеди потврда дека вашиот монитор е безбеден, сигурен и поставен на комфорна позиција. Најважно е вие и вашите уреди да сте безбедни. Квалитетните држачи за монитори минувата низ ригорозни тестирања со цел да се симулира екстензивно користење на држачот.
Гаранција
Кога инвестирате во држач вашно е да ја проверите гаранцијата на проудктот. Имајте на ум дека мониторите обично траат подолго од остатокот од компјутерот. Доколку квалитетен, држачот за монитор трае дури и подолго од мониторот.
Големина на основа
Квалитетните држачи за монитор имаат средно-голема основа. Ако основата на држачот е многу мала, држачот може да биде помалку безбеден. Ако пак од друга страна е многу голема, може да окупира непотребен простор на бирото.
Организација на кабли
Добрите и квалитетни држачи за монитор во својата конструкцијта вклучуваат и додатоци за организација на кабли. Ова помага значајно во организација на хаосот под вашето биро и придонесува за совршена слика од вашето биро за на Инстаграм!
Момент на кој што треба да внимавате- каблите да се доволно флексибилни за да може благо да се превиткаат и спроведат низ определените отвори.
Да сумираме…
Веројатно веќе ви е јасно дека треба да внимавате на многу моменти при изборот на држач. Квалитетниот држач е инвестиција која што може да биде релативно голема, но исто така и носи многу бенефити и олеснувања. Поради тоа, исклучително е важно да инвестирате во квалитетен, професионален држач кој е тестиран по највисоки стандарди.
Ако ви се чини како тешка задача или пак се уште не сте сигурни кој модел е најдобриот за вас, Ergonomics ви доаѓа на помош. Погледнете ја нашата понуда или пак пишете ни, а ние ќе ви помогнеме да го направите вистинскиот избор.