Posted on

Кои се бенефитите од користење на два монитори?

Дали некогаш сте размислувале за користење на два монитори и како тоа може да ви се одрази на секојдневните работни обврски или едноставно на играњето игри во слободно време?

Во овој блог пост, ќе прочитате за придобивките од поставување на два монитори и ќе ги научите работите што треба да ги земете во предвид пред да започнете со користење на два монитори.

Придобивки од користењето на два монитори

Поставувањето на два монитори ви овозможува да извршување на повеќе задачи одеднаш додека програмирате, едитирате видеа или фотографии или едноставно ги ги играте вашите омилени видео игри. Дополнителниот екран може да се користи како работна површина за прелистување на веб, за гледање на видеа или за прикажување на решенијата и други информации за некоја игра. Да се ​​има два екрани е скоро неопходно ако планирате да направите стриминг на Twitch. На овој начин можете да играте на едниот монитор и да користите алатки за стриминг на вториот монитор. Можете лесно да водите разговор и да одговарате на вашите гледачи во реално време.

Друга предност е што според последните истражувања, користењето на два монитори, овозможува зголемена продуктивност при работењето и поголема прегледност при играње игри – со поголем простор на екранот, можете да ги видите непријателите од далеку, да ги предвидите нивните постапки, да ја испланирате вашата одмазда и да нападнете. Ако, на пример, сте љубител на игри со трки, можеби ќе размислите да поставите два монитори кои што се состојат од заоблен и рамен монитор. Заоблените монитори, кои што се прилагодуваат на природната крива на нашето око, нудат поширок агол на гледање и ќе обезбедат пореално чувство за играта.

Следната предност е во поголемата прегледност особено доколку споредувате модели на производи или верзии на апликации, како и полесното копирање на работи од еден во друг документ или презентација, без непотребното менување на табови или различни прозорци.

Работи на кои што треба да размислите пред да почнете со користење на два монитори

Но, пред да се упатите во најблиската продавница и да потрошите пари на дополнителен екран, проверете дали ги имате во предвид следните неколку работи: опции за поврзување со вашиот компјутер, големина на екранот, ширина на рамки и поставки и прилагодувања.

Најпрво, треба да бидете сигурни дека вашиот компјутер, поточно, графичката картичка на вашиот компјутер може да поддржува два монитори. Ако вашата графичка картичка има само еден видео порт, не е можно да користите два монитори без дополнителна графичка картичка. Ова, сепак, е невообичаено затоа што повеќето современи компјутери имаат барем два видео порта, што значи дека е можно да се поврзат два монитори. Овие влезови може да бидат од кој било вид – VGA, DVI, HDMI, Type-C или DisplayPort.

За поизбалансирано искуство, секогаш размислувајте двата монитори да се со иста големина. Доколку сепак се одлучите за разлилни димензии на момниторите, треба да знаете дека два различни монитори треба да бидат правилно усогласени и поставени за да имаат најдобри перформанси.

Третата работа што треба да ја имате предвид при купување на дополнителен монитор е дебелината на рамките. Екстремно тенките рамки на мониторите се дизајнирани за поставување на два или повеќе монитори заедно. Кога се поставени рамо до рамо, два монитори со тенки рамки обезбедуваат далеку подобро искуство за гледање, без да се одвлекува вниманието на рамките. Дури и ако веќе имате еден монитор со пошироки рамки, дополнителниот монитор со тесни рамки може да ви понуди подобрен поглед.

Во зависност од вашата цел и примена, ќе ви требаат и дополнителни додатоци за вашите монитори: како што се ергономски држач, монтажна „рака” и други ергономски додатоци кои ќе овозможат удобно вршење на обврските или играње на вашите омилени игри со помош на функцијата за ротација и накосување на мониторите. Во случај да често чуствувате болка во грбот после неколкучасовно седење пред вашиот компјутер, не заборавајте да ги проверите држачите за монитори кои можат да се најдат на нашата веб страница.