Posted on

Како да го одберете вистинскиот држач за монитор?

Мониторите доаѓаат во различни големини и форми. Кога ќе дојде редот да изберете држач за вашиот монитор, може да биде вистински предизвик да го направите вистинскиот избор. Затоа, е многу важно да знаете каде да започнете.

Внимавајте, следи една многу голема бројка.

1700 часа.

Просечен професионалец во канцеларија минува неверојатни 1700 часа годишно пред својот монитор. За целото ова поминато време е важно мониторот да биде поставен правилно. Така, вие би биле комплетно сигурни дека работите во оптимизирана, продуктвина и безбедна работна средина. 

Па, што се би требале да имате на ум кога започновате со својата потрага по држач?

I. Компатабилност

Кога размислувате за компатабилноста на вашиот монитор и држач, дајте си одговор на следниве 3 прашања:

 Дали моите уреди се VESA компатабилни?

Пред да навлезете во детали за тоа како држачот ќе се вклопи во вашиот ентериер, важно е да проверите дали е VESA компатибилен. 

Што значи VESA компатибилност?

Наједноставно, VESA компатабилност значи дека мониторот кој ќе го поставувате, има 4 дупчиња на позадината. Овие 4 дупчиња се прилагодливи на секој бренд и модел на држачи. VESA стандардите се поставени со цел да се соединат различните производители на монитори и држачи на монитори и да се воспостави заедничка компатабилност. Односно, скоро секој модел на монитор да одговара на секој модел на држач.

Колку тежи мојот уред?

Интерентот е навистина магично место каде што покрај сѐ останато, може да најдете информација и за тежината на вашиот монитор. Кога ќе го внесете производителот и моделот на држачот, би требало едноставно да дојдете до тежината на вашиот монитор. Доколку не сте сигурни за кој модел конкретно се работи, информацијата за тежина барајте ја на позадината на мониторот.  Многу е веројатно е тука да најдете налепница на кој што освен други податоци, може да ја најдете и тежината на мониторот. Кога ги разгледувате различните модели, осигурајте се дека тежината на мониторот не е поголема од максималната тежина која што држачот може да ја поднесе. Ова е особено важно доколку се работи за поставување на неколку различни монитори на еден држач.

Која е максималмната големина на екран за вашиот модел на држач?

Некои држачи на монитор не ја нудат потребната прилагодливост за уреди кои имаат големи екрани. При изборот на држач треба да се осигурате дека има доволно простор помеѓу поставениот уред и вашето биро. Друг момент на кој што треба да внимавате кога имате големи екрани е да пресметате дали мониторите воопшто може да се постават еден до друг. 

II. Прилагодувања

Персонализацијата и прилагодувањето на уредите да одговараат на вашите потреби е клучна во креирањето ергономски работни услови. Работни околини кои се карактеризираат со незадоволителни ергономски услови, може да доведат до хронични болки во вратот, грбот, дискомфорт, намалена продуктивност и целокунпно незадоволство.

Подигање

Држачот за монитор треба да може да се поместува нагоре и надоле за да може да се прилагоди на потребната висина која што вам ви е потребна. Доколку работите во седечка или стоечка позиција која не е прилагодена на вашите потреби, големи се шансите да се соочите со болки и непријатности во вашето тело.

Навалување

Држачот за монитор треба да ви овозможи да го навалите вашиот монитор. Навалувањето треба да биде под агол, од 10 до 20 степени. Оваа карактеристика на држачот ќе ви помогне ќе ви помогне во намалување на стресот кој се предизвикува за очите.

Длабочина

Флексибилните држачи креираат дополнителна флексибилност во вашиот работен простор. Можноста да го поместите комплетно вашиот држач ви отвора дополнителен простор за различни проекти и задачи. 

Ротација на монитор

Ротација на мониторот ви дава можност да го вртите својот уред за 90 степени. Ротацијата на вашиот монитор хоризонтално или вертикално ви овозможува да го подесите својот монитор во хоризонтална или вертикална позиција и да го олесните своето читање, работа и слично.

III. Квалитет

Купувањето на квалитетен држач за монитор ќе го претвори вашето работење во уживање. Квалитетен држач ќе ви овозможи среден, организиран работен простор и монитор кој е поставен на висина соодветна за вас. Најважно, квалитетниот држач за за монитор ќе се осигура дека вашиот монитор е сигурносно поставен, нема да се витка или евентуално падне. 

Професионални уреди

Професионалниот држач за монитор ќе ви обезбеди потврда дека вашиот монитор е безбеден, сигурен и поставен на комфорна позиција. Најважно е вие и вашите уреди да сте безбедни. Квалитетните држачи за монитори минувата низ ригорозни тестирања со цел да се симулира екстензивно користење на држачот. 

Гаранција

Кога инвестирате во држач вашно е да ја проверите гаранцијата на проудктот. Имајте на ум дека мониторите обично траат подолго од остатокот од компјутерот. Доколку квалитетен, држачот за монитор трае дури и подолго од мониторот.

Големина на основа

Квалитетните држачи за монитор имаат средно-голема основа. Ако основата на држачот е многу мала, држачот може да биде помалку безбеден. Ако пак од друга страна е многу голема, може да окупира непотребен простор на бирото.

Организација на кабли

Добрите и квалитетни држачи за монитор во својата конструкцијта вклучуваат и додатоци за организација на кабли. Ова помага значајно во организација на хаосот под вашето биро и придонесува за совршена слика од вашето биро за на Инстаграм!

Момент на кој што треба да внимавате- каблите да се доволно флексибилни за да може благо да се превиткаат и спроведат низ определените отвори. 

Да сумираме…

Веројатно веќе ви е јасно дека треба да внимавате на многу моменти при изборот на држач. Квалитетниот држач е инвестиција која што може да биде релативно голема, но исто така и носи многу бенефити и олеснувања. Поради тоа, исклучително е важно да инвестирате во квалитетен, професионален држач кој е тестиран по највисоки стандарди. 

Ако ви се чини како тешка задача или пак се уште не сте сигурни кој модел е најдобриот за вас, Ergonomics ви доаѓа на помош. Погледнете ја нашата понуда или пак пишете ни, а ние ќе ви помогнеме да го направите вистинскиот избор. 

Posted on

Топ 5 причини зошто ви треба флексибилен држач за монитор

Многу е веројатно дека вие сте во ред со тоа како е поставен вашиот монитор во моментов. Исто така е многу веројатно дека сте научени на непријатните главоболки и болки во грбот кои се резултат на неправилната позиција од која што седите додека работите. Исто така, веројатно знаете дека ова не е здраво и дека може да доведе до сериозни здравствени пробеми. Решението за ова се флексибилните држачи за монитор. Флексибилните ергономски држачи се додатоци кои служат за поткревање на вашиот монитор и овозможуват флексибилност во движењето на држачот. Овие додатоци се екстремно корисни доколку сте некој кој својот компјутер го користи често и минува долго време пред него. 

Држачите за монитор се корисни поради неколку различни причини. Нивната популарност расте, и помеѓу индивидуите кои работат од канцеларија, но и оние кои работат од дома. Чест коментар на корисниците на држачи е дека забележуваат скоро инстантни бенефити. За кратко време, држачите им стануваат клучен елемент на нивното биро. Во овој блог пост, ќе ви презентираме неколку причини зошто флексибилните ергономски држачи за монитор се толку вреден додаток на вашиот компјутер.

Болка во грбот и чувство на непријатност и притисок во пределот на очите

Колку пати работниот ден сте го поминале здрвени, во една иста позиција повеќе од 4 часа? Веројатно доволно често за да почнете да патите од болки во грбот и вратот. Ваквата позиција при работење има потенцијал сериозно да го загрози вашето здравје. Држач за монтор кој може да се подесува во однос на висина или близина на уредот ќе ви овозможи да ја менувате својата позиција во текот на денот. Доколку не сте во можност да станувате и шетате редовно, промената на висината или близината на уредот е следната најдобра опција, што ќе го заштити вашето здравје.

Важно да напоменеме тука е дека не е важно дали ги искусувате овие проблеми во моментот или не. Тоа што е важно е дали користите монитор често. Доколку одговорот е да, тогаш дефинитивно треба да работите на превенција на проблемот и да ги вклучите ергонмските држачи во своето работење.

Константно се прилагодувате на вашиот уред, наместо тој на вас

Ергономските држачи за монитор ви даваат можност да го прилагодите својот екран на висина што е пријатна за вас.Освен ова, можете да ја прилагодите и близината и аголот на вашиот уред да одговараат на вашите потреби.

Вашиот врат, рамена и грб ќе ги почувстуваат бенефитите од контролата во поставувањето на уредот на висина што вам ви одговара. Држачите за монитор ви даваaт можност сами да ја дизајнирате својата работна околина, која ќе ги задоволува вашите потреби за комфор.  

Неограничена функционалност

Држачите за монитор имаат многу поголема функционалност одколку што ние би можеле да претпоставиме. Некои модели на држачи ви овозможуваат да го поставите уредите и во хоризонтална и во вертикална положба, да го вртите уредот 360 степени па дури и да поставите повеќе монитори на еден држач. Ова ви дава подобра прегледност на тоа што го работите и да го оптимизирате вашето работно место за максимум перформанс.

Оптимизирана работна околина

Научно е докажано дека за да бидеме продуктивни мора да работиме во средена и организирана работна средина. Мониторите често зафаќаат многу простор на вашето биро. Овој простор може да биде многу подобро искористен и да придонесе кон креирање на средена и организирана работна средина. Подигањето на уредот на држач ослободува значаен простор на вашето биро, простор кој може да го искористите за организирање на потребните работи или пак додавање на некое растение или украс.

Подобрена продуктивност

Сите бенефити кои ги презентиравме погоре водат кон една генерална, но важна придобивка од користењето држач- подобрена продуктивност. Зголемената продуктивност се постига со било кој од различните видови на ергономски држачи кои се среќаваат на пазарот. Внесувањето на мали промени на вашето работно место значајно влијае на подобрување на вашето целосно здравје и вашата продуктивност. 

Да сумираме…

Кога би сумирале, држачите за монитор се инвестиција која навистина вреди да се направи, без да се размислува за неа. Без разлика кој држач за монитор и да го одберете, истиот ќе биде одличен и функционален додаток на вашето работно место. Главните бенефити кои ги добивате со користењето на ергономски држачи за монитори кои се подесуваат се намалување и превенција на болките во грбот, вратот и главата и значајно зголемена продуктивност.

Ние во Ergonomics би ве посоветувале да не чекате здодевните и опасни болки да се појават, туку да превземете акција. Инвестирајте во оваа мала но значајна промена во вашето секојдневно работење. Нема да треба долго пред да ги забележите неверојатните промени во вашата продуктивност и благосостојба. Погледнете ја целосната понуда на ергономски држачи на нашата веб страна и нарачајте го својот нов флексибилен ергономски држач. 

Posted on

5 работи што треба да ги знаете при купување на ергономски држач

Конечно решивте да инвестирате во ергономски држач. Почнавте да читате различни информации оn-line и сте збунети не знаејќи што би бил совршен избор за вас. Не грижете се! Ние во Ergonomics составивме листа од 5 работи кои треба да ги знаете при избор и купување на држач. Овие точки ќе ви помогнат да дојдете до вистинските информации со кои треба да располагате при процесот на избор.

Па, да започнеме!


Колку тежи мојот монитор?

Тежината на уредот кој го поставувате директно влијае на капацитетот на тежина што важиот нов држач треба да го има. Мониторот што го поставувате не треба да е потежок од максималната тежина што вашиот држач може да ја поднесе. Во спротивно многу веројатно е дека ќе завршите со оштетен држач и монитор оштетен од пад. Ова не му го посакуваме ни на најлош непријател. Во палетата на производи на  Ergonomics имаме модели на држачи со различна носивост, почнувајќи со модел на држач со 6.5kg носивост , модели на држачи со 8kg носивост  и модели на држач со 10г носивост.

 DMDC5X1 модел за 1 држач со 6.5 kg носивост
DMDC5X1 модел со 6.5 kg носивост

Дали мојот монитор е VESA компатибилен?

VESA компатибилност е технички термин кој реферира на фамилија на стандарди. Во случајот на држачи, се користи да се опише компатибилноста помеѓу држачот и позадината на мониторот, односно делот од мониторот на кој што држачот треба да се прикачи. VESA компатабилен држач има стандарди дупки за монтирање. Овие дупки се поставени на позадината. Со ова се дозволува било каков штраф да биде поставен. Штрафовите обично се затегаат директно во позадината на мониторот и изгледаат како малечки кружни дупчиња. Вообичаенитие димензии на делот за монтирање е или 75mmX75mm или 100mm на 100mm. Кај поголеми и потешки монитори, оваа површина е обично поголема. 

 DM151X1 модел за 1 монитор со 8kg носивост
DM151X1 модел со 8kg носивост

Кои се димензиите на моето биро и колку е длабоко моето биро?

Димензиите и длабочината на вашето биро се варијабли кои ја одредуваат висината и потенцијалната должина на вашиот држач.

Колку монитори планирам да користам?

Бројот на монитори што ќе го користите одредува дали сте во потрага по држач за 1, 2 или повеќе монитори. Додавањето на дополнителни краци на вашиот држач постои како мпжност. Сепак, препорачливо е поставување на држач што е веќе во состојба да ги задоволи вашите потреби за повеќе екрани. Во Ergonomics нудиме држачи изработени од алуминиум и челик кои можат да одговорат на вашите потреби за држач за 1 монитор , 2 монитори, или пак модел на држач за повеќе монитори.

Каков тип на држач е најсоодветен за мене?

Најпопуларниот тип на држач за монитор е оној што се поставуваи монтира директно на вашето работно биро. После него, следат држачите кои поставуваат на ѕид и држачите кои се поставуаат на таван. Кога почнувате во потрагата по држач, најрпво дефинирајте колку е постојано местото на кое работите.

Различни начини на поставување на држач

  • Држач кој стои слободно: Ова е наједноставниот тип- држач кој е прицврстен за тешка основа во форма на круг.
  • Држач прицврстен за задниот дел на бирото: Тука се работи за малку пософистицирано решение- држач кој е полу-трајно решение, и е прицврстен за позадината на вашето биро. При купување на овој држач треба да внимавате ширината на делот кој се прицврстува да одговара на ширината на основата на вашето биро.
  • Држач монтиран за бирото: За разлика од претходните два типа, тука зборуваме за држач кој е далеку потрајно решение. Шипката од држачот се поставува и монтира во претходно направена дупка во бирото. Основата на шипката се прицврстува со штрафови. Се работи за потрајно решение бидејќи поставувањето на овој тип на држач бара правење на дупка во вашето биро. Како модел е совршена замена за држачот кој се прицврстува за задниот дел на бирото, доколку основата на бирото е многу плитка или тенка. 
  • Држач монитан на ѕид или таван: Тука дефинитивно зборуваме за трајно решение- држач кој се монитра на ѕидот до вашето биро или пак на таванот над вашето биро или работен простор. 

Доколку ги имате сите овие работи во предвид при одбирањето на вашиот нов држач, може да ви гарантираме дека ќе го направите вистнискиот избор кој ќе ги задоволи вашите потреби. Во Ergonomics ви нудиме различни модели на држачи, подготвени да се прилагодат на вашите потреби. Посетете ја нашата веб страна и дознајте повеќе за нашата понуда.

Posted on

5 непобедливи бенефити од користењето на држач за монитор

Држачите за монитор се одлични додатоци кои имаат огромен број на бенефиции. За почеток, држачите за монитори помагаат во одржувањето на комфорна позиција при работење. Држачите имаат голема улога во креирањето на здрава и ергономска работна околина во вашата канцеларија, придонесуваат за поголема продуктивност и благосостојба што претставува многу повеќе од физички комфор.


Доколку сте нови во ова и не сте баш сигурни што точно се држачи за монитор и кои се конкретните бенефити од користењето на истиот, продолжете да читате. Ние ги имаме одговорите за вас!

За почеток, што е држач за монитор?

Држач за монитор е додаток кој е наизглед многу сличен со роботска рака. Може да се постави на вашето биро, зид или таван и служи за кревање на вашиот монитор до висина што е идеална за вас. Држачите за монитор може да се прилагодат во зависност од вашите работни навики, без разлика дали седите или стоите додека работите, или пак комбинација од двете.

Држач за еден монитор DM351X3


Кои се бенефитите од користењето на држачи за монитори?

Откако појаснивме што се држачи за монитор, следно на ред да објасниме е зошто ви е потребен држач за монитор и кои бенефити би ги уживале од користењето на држач за монитор.

Бенефит 1: Постигање на најкомфорна, ергономска позиција за работење

Најпрво, подигањето на вашиот монитор на идеалната, ергономска висина е критично за наоѓање на најкомфорната работна позиција за вас. Добрата поставеност на телото додека работите ве штити од напнатост во горниот дел од телото и грбот. Често се фаќаме себеси во позиција каде што сме навалени во неприродна позиција и го исправуваме нашето тело назад со цел да имаме добар преглед на целиот монитор. Држачите за монитор исто така дозволуваат подесување на висината, длабочината и аголот на кој што е поставен мониторот, повторно со цел да ја најдете совршената позиција за вас.

Бенефит 2: Елиминрајте го чувството на тензија и притисок во очите

Состојба на дискомфорт која што често се среќава кај поединци кои екстензивно ги користат своите компјутери или смартфони. Не е тајна дека долгото користење на овие уреди предизвикува замор на вашите очи на крајот од денот. Без соодветна нега и ергономски подесувања, голема е веројатноста дека ќе се соочиме со чуство на притисок во пределот на очите, чуство на сувост во очите, замор па дури и заматен вид. Држачите за монитор ви овозможуваат да се заштитие од овие несакани појави, со тоа што ви овозможуваат поставување на уредот на оптимален агол, висина, позиција и дистанца. Со ова, користењето на држачи за монитор ве заштитутва вас и вашите очи од замор.

Бенефит 3: Среден, организиран и оптимизиран работен простор

Ако ви е смачено од биро кое е неорганизирано, тогаш држачите за монитор се решението кое го барате. Начинот на кој што се поставуваат, им овозможува на држачите на монитори да зафаќаат малку додатен простор, а да ослободат многу од зафатениот простор на вашето биро, било во канцеларија или пак дома. Со тоа што држачите го подигаат вашиот екран над работната маса, се отвора екстра слободен работен простор. Овој новоослободен работен простор е голем бенефит за оние кои сакаат празен работен простор пред нив, било да е тоа за работа или за креирање на чувство на ред и организација. Освен ова, поквалитетните држачи за монитори доаѓаат и со веќе поставени делови кои овозможуваат организација на каблите. Сите модели на држачи на Ergonomics имаат посебен дел кој е поставен во задниот дел на држачот кој служи за спроведување и организација на каблите. 

Бенефит 4: Зголемена продуктивност

Држачите за монитори кои нудат подигање на два или повеќе монитори ви овозможуваат тотална визуелна контрола над тоа што го работите. Со ова, ви се овозможуваат безброј можности во однос на тоа како сакате да ги поставите за да го постигнете најприродното и комфорно работно искуство. Било да се поставени еден до друг на еден држач, еден под друг на држачот, вертикално или хоризонтално поставени на држачот, ќе се овозможи загарантирано зголемување на продуктивноста.

Бенефит 5: Поедноставна соработка

Држачите за монитор ви овозможуваат полесно да го вртите својот екран, кога имате потреба од тоа. Ако за вас и вашата работа е важно да ја споделувате својата работа со колегите, тогаш држач кој има способност за 180 степени ротација на екран е решението за вас. Погледнете го моделот на Ergonomics кој ви ја нуди оваа неверојатна предност.

Сега, кога знаете повеќе за тоа што се држачите за монитори и кога сте запознаени со бенефициите од користењето на држачите за монитор, време е да си го купите својот.  Погледнете ја целосната понуда на Ergonomics и одберете го вашиот нов модел, со бесплатна достава до дома или канцеларија.